За Балкан на солидарност и борба!
// Заедничка изјава на учесниците и учесничките на 12-тиот Балкански анархистички саем на книгата во Нови Сад
Од 28 до 30 Септември 2018, поединци/ки и колективи од анархистичкото и антиавторитарното движење на Балканот и пошироко, се собраа во Нови Сад за 12-тиот Балкански анархистички саем на книгата. Даоаѓајќи од целиот регион, зборувавме на многу различни јазици: српско-хрватски, унгарски, романски, словенечки, македонски, бугарски, албански, грчки и други. Имајќи ја во предвид нашата различна позадина, овај собир потвдри дека јазикот кој сите ние го делиме, зборуваме и разбираме е јазикот на борбата и солидарноста.
За време на деновите поминати заедно, меѓусебно разменивме искуства од борбата, ги унапредивме и тестиравме нашите анализи и формулиравме заеднички конкретни предлози за понатамошната борба. На тој начин успеавме да ги препознаеме заедничките обрасци кои доаѓаат до израз во политичките стратегиии на владеачката класа во регионот. Владеачката класа, повторно, го користи национализмот за да не подели и полесно да ги завладее и потчини угнетените. Истовремено, национализмот создава лажен непријател во облик на популистички национализам кој се претставува како непријател на стварното деструктивно влијание на капиталистичкото офанзивно дејствување, а всушност му обезбедува на глобалниот капитал крвави можности за негово реструктурирање.
Вообичаено, национализмот е комбиниран со милитаризмот, возобновениот религиозен опскурантизам и патријархатот. Сето ова е повторно присутно во новиот бран на тензии помеѓу различните државни сили и во порастот на популарниот национализам, како на пример, помеѓу Косово и Србија, Македонија и Грција, во Босна и Херцеговина, во Хрватска итн. Како одговор на обидите на владеачката класа да не подели, изразена е итна потреба за координирани акции и широка кампања портив национализмот, милитаризмот и секој друг вид на поделба помеѓу угнетените, ширум Балканот. Тоа единствено може да се постигне преку заедничка мобилизација на општествените сили. Еден од следните важни моменти за конкретно делување кон таа цел, ќе биде мобилизацијата против Луков марш во Софија (Бугарија) во Февурари, 2019 г. Ние, учесниците на Балканскиот анархистички саем на книгата, даваме целосна поддршка на Анти-Луков марш и повикуваме на антинационалистичка мобилизација, како и конкретно учество на протестот во Софија. Исто така, ја потенцираме потребата за заштита од фашистичките напади врз нашите структури и нужноста за возвраќање на нападите.
Исто така, препознаваме дека експанзијата на глобалниот капитализам е ограничена со самиот факт што живееме на ограничена планета. Со цел да ги компензира овие ограничувања, капитализмот бескрупулозно користи смртоносни методи на директен грабеж и вулгарна експлоатација, најчесто и котинуирано, во облик на напад на работничките права и животната средина. Поради тоа, не е ни случајно што на Балканот се случува ерупција на борби против капиталистичкото присвојување на природата: рудниците за злато на Халкидики и Роша Монтани, проектите за изградба на хидроцентрали на реките на Балканот, меѓу кои на Стара планина во Србија, Мура во Словенија, Валбони во Албанија, хидрауличното фрактурирање во Романија и Бугарија, проектите за екстракција на фосилно гориво низ цела Грција и во така наречените „ексклузивни економски зони“ од страна на локалните компании и енергетските гиганти како Repsol, Total, ExxonMobil, Edison и други. Ова се конкретни примери за тоа како економскиот екстрактивистички сектор, со кој управуваат неколку глобални корпорации, со поддршка на правниот и репресивен апарат на државата, ги освојуваат териториите на Балканот, носејќи за возврат загадување, одземање на работничките права и уништување на заедницата.
На периферијата на глобалниот капиталистички систем, ограбувањето и војната го претвораат поголемиот дел од населението во мигранти/ки и бегалци/ки – ова не е само теоретски проблем туку и преживеано искуство на Балканот. Додека хетерогената популација бара нов дом каде ќе започне со нов живот, таа всушност стануваат мета на капиталот и неговите политички структури: капиталот дирекно ги интегрира во капиталистичкото општество како ефтина работна сила, додека останатите ги искористува како жртвени јагниња за оправдување на зголемената општествена контрола. Сведоци сме и на зголемување на надзорот и репрсијата врз антагонистичките сегменти на општеството, потхранување на популарната десница, и поткопување на солидарноста помеѓу угнетените.
Три години по привременото рушење на машинеријата на „Тврдината Европа“, луѓето се затвораат во затвори затоа што даваат отпор на режимот на дехуманизација на кој се изложени. Случаевите како „Харманли“ во Бугарија, „Moria” во Грција и „Röszke“ во Унгарија се меѓу попознатите и укажуваат на поширок процес на репресија и криминализација. Со тоа, не се само мигрантите на мета, туку и самите идеи и практикувањето траснационална политичка солидарност. Сега, кога во голема мера балканските и европските држави воспоставија повторна контрола над своите граници, се користат тивките но смртоносни алатки на криминализација и расизам за туркање на луѓето на маргините, принудување на илегалност и најстрашни облици на експлоатација. Ние сметаме дека е неопходно да се разбие состојбата на исклучување која е наметната врз мигрантите/ките и бегалците/ките и да се разбие дехуманизирачкиот Европски режим на граници и концентрациони логори. Ги поддржуваме сите солидарни акции против криминализацијата на миграцијата, притворните центи и hotspot-ови.
На годинешниот саем, исто така, се одржа состанок и на синдикалната инцијатива од Балканот преку која имавме можност да се запознаеме со скорешната борба на работниците/чките на бродоградилиштата во Пула и Риека во Хрватска, работничките/ците од хигиенскиот услужен сектор на Косово, борбата на работниците/чките во супермаркетите и синџирот на кафетерии во Грција, логистичкиот сектор во Бугарија итн. Согледувајќи ја сличноста на борбата, посебно земајќи ја во предвид тесната поврзанот на капиталот на Балканот, се договоривме за понатамошно зајакнување на меѓусебната помош и споделување на информациите. Воспоставивме заедничка платформа за делење на информации и превземање на други конкретни чекори, со надеж дека ќе се поттикне работничката солидарност низ целиот Балкан. Новите начини на комуникација ќе помогнат за остварување на подобра работничка солидарност и ефективна координација на директните акции во регионот. Потоа, присутните анархо-синдикалистички и радикално синдикалистички организации ја потвдрија својата позиција за фокусирање на организираната работничка борба, помагање на работниците/чките за само-организирање и агитирање за интернационална класна борба на Балканот.
Конечно, одлучивме да се сретнеме наредната година во Софија, Бугарија за 13-тиот Балкански анархистички саем. Тамошното анти-авторитарно и анархистичко движење, заеднички, ќе создаде простор за продолжување на нашата борба, и одбележување на 100 годишнината од формирањето на анархистичката федерација во Бугарија.
Против национализмот и капитализмот! За Балкан на солидарност и борба!
Ниту едно име нема да не раздели, ниту една нација нема да не обедини!
Учесниците и учесничките на 12-тиот Балкански анархистички саем,
Нови Сад, 30 Септември, 2018